Мицкоски за амнестијата за организаторите на „27 април“: Не би имал што да додадам, што да коментирам

 


Претседателот на Владата Христијан Мицкоски денеска не сакаше да ги коментира случаите со најавената амнестија за организаторите во настаните од 27 април и случајот со злоупотреба на пари во „Државна лотарија“.  

-Тоа е судска одлука. Јас не би имал што да додадам, што да коментирам. Се сеќавате и во текот на расправата и во текот на претресот имаше контроверзни изјави од многумина од учесниците во овој процес така што јас би се воздржал од каков било дополнителен коментар, рече премиерот Мицкоски, кој беше на започнување на проектот за реконструкција на коловозот на патот кон Манастирот „Пеленица“ во Општина Кисела Вода. 

25.12.2024 - 11:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега