Мицкоски во Петровец: Решаваме проблеми и градиме за подобар живот

 


„Денеска сме на овој проект, на овој пат којшто ќе поврзе две населени места во Општина Петровец, оттука одиме на она место каде што практично се реконструира и се проширува капацитетот на детската градинка и повеќе нема да има листа за чекање. Така што сите оние проблеми коишто во минатото постоеле се трудиме да ги решаваме, се надевам дека не може тоа да биде од еднашка, но чекор по чекор полека но сигурно се завршуваат проекти и се решаваат проблеми, слушнавте од градоначалникот дека сега во следниот повик коишто ќе го објави Владата преку Министерството за локална самоуправа проектите во вредност од 1.200.000, 1.300.000 евра се веќе подготвени, а јас апелирам и до другите градоначалници истото да го сторат“, рече премиерот Христијан Мицкоски,

„Мислам дека сега во вторник веќе на следната владина седница ќе донесеме одлука со којашто ќе го распишеме повикот до општините за да конкурираат со проекти и мислам дека барем од тоа што имам како информација, мислам дека ќе биде исклучително успешен овој пат за да не се доведеме во ситуација да го продолжуваме рокот, имале, немале одобрение за градба па имале проект немале проект ќе биде малку подолг рокот до таму некаде крајот на месец април за да можат сите оние што нема да стигнат со одобрение за градба и оние документи кои се потребни да успеат во меѓувреме да ги обезбедат. Така што јас сум исклучително среќен и задоволен за сето она кое што претставувало претходно проблем за граѓаните, сега се надминува, се решава преку овие средства кои се реалоцирани од буџетот. Се градат улици, се градат патишта, булевари, се градат градинки, училишта, сали, практично капитални инвестиции коишто ќе го подобрат квалитетот на живот на нашите сограѓани“, посочи Мицкоски и додаде:

„Уште еднаш му честитам на градоначалникот, на пратеникот кој што доаѓа од Општина Петровец, на советниците, на администрацијата што секогаш буквално работата посветено за да сето ова денеска кое ние го гледаме биде реалност. Тука исто сакам да ја потенцирам и улогата на Министерството за социјална политика, демографија и млади, Министерството за транспорт кои што исто така учествуваат во овие проекти, бидејќи преку нив практично се фасилитираат средствата. Со други зборови да имаме што е можно повеќе вакви проекти и да се занимаваме со политика за да создаваме. Тоа е она кое што е наша инспирација и мотив.“

24.01.2025 - 13:13

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега