Мицкоски сака да се сретне Жељасков: Да видиме можеме да имаме заеднички јазик
Премиерот Христијан Мицкоски сака да се сретне со новиот премиер на Бугарија, Росен Жељасков. Одговарајќи на новинарско прашање рече дека нема ништо лошо во тоа двајцата колеги да остварат средба.
-Апсолутно би преземал чекори, апсолутно би сакал да се сретнам и да разговарам, да аргументирам. Не гледам во разговарање ништо лошо, тоа е ново избран претседател на Влада, колега, на соседна земја. Нашите ставови, нашите позиции ги знаете, тие се непроменети. Да видиме дали можеме да имаме заеднички јазик, да видиме дали можеме заедно со нашите стратешки партнери и од ЕУ и од САД, да седнеме сите заедно, да видиме, да го фасилитираме овој процес зашто со билатерални прашања не можеме да браниме европски вредности. Тоа што оваа Влада го прави е практично одбрана на европските вредности. Ние ги браниме европските вредности наспроти оние коишто ги злоупотребуваат своите позиции во рамките на Еу, рече Мицкоски.
Вели, нема против да разговара со секого за да се најде начин да се одблокира процесот за влез во ЕУ.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа