Курти прогласи победа
Косовскиот премиер Албин Курти прогласи победа на неговото движење Самоопределување на парламентарните избори на 9-ти февруари, но тој нема да може сам да формира влада.
Прелиминарните резултати покажуваат дека Самоопределување ќе има околу 47 пратеници во новото косовско Собрание, со освоени 41 отсто од пребројаните гласови. Втора е опозициската Демократска партија на Косово со 22,19 отсто добиени гласови, потоа Демократскиот сојуз на Косово со 17,62 отсто од гласовите и Алијансата за иднината на Косово (ААК) (7,61 отсто).
Српската листа, најголемата партија на косовските Срби освои 4,2 отсто од гласовите и, според нејзините лидери, ќе ги освои сите 10 места во парламентот што и се загарантирани на српската заедница
Право на глас имаа нешто повеќе од два милиони граѓани, а на гласање излегле 40,51 отсто од нив.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа