Крадел делови за комбајн: Полицијата фати крадец од Трубарево

 

Завчера во 22.15 часот во с.Миладиновци, скопско, полициски службеници од СВР Скопје го лишиле од слобода А.Б.(28) од с.Трубарево, скопско. Тој се сомничи дека истиот ден во периодот од 20 до 21.00 часот со употреба на сила влегол во дворно место на Љ.П.(63) од с.Дељадровци, скопско, по што одзел повеќе делови за работна машина – комбајн. Кај него биле пронајдени одземените делови и биле вратени на сопственикот. По целосно расчистување и документирање на случајот, против него ќе биде поднесена соодветна пријава.

26.01.2025 - 12:09

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега