Кичевчанец пронашол изгубена платежна картичка па си пазарел неколку пати

 


ОВР Кичево поднесе кривична пријава против Б.М.(49) од Кичево поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и неовластено навлегување во компјутерски систем“.

На 05.11.2024, тој неовластено ја искористил претходно изгубената платежна картичка на А.Б. од Кичево и во пет наврати извршил плаќања во повеќе различни локации, при што се стекнал со противправна имотна корист.

10.02.2025 - 15:38

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега