Карлеуша: Сочувство до цела братска Македонија

 

Поп-дивата Јелена Карлеуша, се огласи на социјалните мрежи по веста за трагедијата во Кочани и смртта на членовите на ДНК.

- Изразувам најискрено и најдлабоко сочувство до цела братска Македонија. Страшна, страшна трагедија, толку млади животи...плачам додека читам вести...напиша Карлеуша на Фејсбук.

Потоа, напиша статус и за членовите на ДНК кои трагично загинаа во дискотеката Пулс каде што настапуваа кобната вечер.

- На мојот концерт во Скопје гостуваа момците од ДНК, сакани од македонската публика. Не ми се верува дека го пишувам ова...Нека универзумот им даде сила на семејствата на оние кои загинаа.

За потсетување, во пожарот во Пулс загинаа 59 лица, а стотина се повредени.

17.03.2025 - 08:29

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега