ЈСП Скопје остана без метан: Триесетина автобуси не сообраќаат

 


Триесетина автобуси на Јавното сообраќајно претпријатие - Скопје денеска не сообраќаат поради немање метан, изјави попладнево за МИА Меџит Идризи, потпретседател на синдикалната организација при ЈСП, генерален секретар на „Спајс“.

Идризи, кој работи во ЈСП, појасни дека разбрал од колегите дека се повлекуваат во гаража, бидејќи немале метан. Според неговите информации проблемот бил во тоа што јавното претпријатие немало платено за метан.

Се случувало, додаде, во текот на денот, странци да не можат да отидат да ја посетат Матка.

Идризи се осврна и околу неизвесноста околу тоа дали ќе се исплати плата до законскиот рок - 15 декември, нагласувајќи дека вработените ги фаќа паника и му се обраќаат, особено тие кои имаат кредити за плаќање.

Тој во изјава за МИА јавно повика да се решат состојбите што траат со месеци и да има и редовни плати и редовни автобуски линии. 

11.12.2024 - 16:31

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега