Галичник отсечен од светот: Патот e непрооден три недели, од денес нема и струја

 


Во апел на месната заедница Галичник пренесен преку социјалните мрежи се бара овозможување на проодност по локалниот пат од Маврово до селото, кој, како што се наведува, е непрооден три недели и предупредуваат на можни проблеми заради прекинот на снабдување со струја. Од месната заедница апелот го упатуваат до надлежни институции „Македонија пат“, општина Маврово и Ростуше, како и ЈП за државни патишта.

- Бараме да ни овозможи проодност до Галичник, кој веќе трета недела е отсечен од патна комуникација. Сакаме да укажеме дека според активните сообраќајни законски норми станува збор за регионален пат, кој мора да биде постојано прооден, стои во апелот.

Од месната заедница посочуваат дека во ова мијачко село трета недела не функционира уличното осветлување, а од денеска поради дефект на 20 киловолтен далновод нема ниту електрична енергија.

- Сакаме да ја потсетиме јавноста дека во Галичник има постојани жители, а многумина луѓе сопственици на имот имаат редовни работни обврски поврзани со повремено присуство во Галичник, на кои им е потребен пристап, се наведува во соопштението пренесено преку социјалните мрежи.

Од месната заедница очекуваат соодветна и навремена реакција на надлежните институции и нормализирање на состојбата. 

15.12.2024 - 21:04

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега