Филипче: Мицкоски го призна својот неуспех, најавениот бојкот е пораз на погрешните политики

 

Најавениот бојкот на маркети е најголем пораз на погрешните политики на власта и кулминација на незадоволството на граѓаните, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ во целост го признаа својот неуспех во управување со оваа состојба, вели во објава на Фејсбук претседателот на СДСМ, Венко Филипче.

„Најавениот бојкот е најголем пораз на погрешните политики на власта и кулминација на незадоволството на граѓаните. За жал, лицемериeто на Мицкоски и ДПМНЕ го достигна врвот. Откако лично тој и неговата партија дозволија цените во маркетите да пораснат до небо и не преземаа ништо, сега ќе давале поддршка на бојкотот на маркетите.  Граѓаните не се наивни и добро знаат кој е одговорен за состојбата. Точно знаат кој ги водеше лажните ПР кампањи со кошничките со кои цените не само што не се намалија, туку и пораснаа. Во целата брзоплетост повторно да спечалат некој политички поен, Мицкоски и ВМРО-ДПМНЕ не сфаќаат дека во целост го признаа својот неуспех во управување со оваа состојба. Сега имаме невиден парадокс каде власта ќе протестира против сама себе. Ова е Монти Пајтон политика на Влада која изгубила контакт со реалноста после само осум месеци владеење. Мицкоски не го интересираат граѓаните и ова го докажува секој ден“ наведува Филипче.

 

28.01.2025 - 16:34

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега