Двајца мажи тепале дете со тврди предмети - ќе одговараат кривично

 

Две лица од кумановско добија кривични пријави под сомнение дека со тврд предмет физички нападнале малолетник.

– СВР Куманово поднесе кривична пријава против З.В.(52) од село Бељаковце, кумановско и С.Г.(43) од село Клечовце, кумановско, поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „насилство“, информираат од Министерството за внатрешни работи.

Како што појаснуваат од МВР, на 02.10.2024 во куќа во селото Клечовце, второпријавениот физички нападнал 17–годишник, по што првопријавениот со тврди предмети го нападнал малолетникот.

11.12.2024 - 17:17

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега