Детенце во солзи: Корупцијата убива, многу деца умреа поради таа корупција тука
На вчерашниот протест во Кочани, по големата трагедија која однесе 59 животи и остави повредени повеќе од 150 лица, по пожарот во ноќниот клуб Пулс, дете даде емотивна и потресна изјава за ужасот кој ја потресе цела македонска, балканска и светска јавност.
- Корупцијата убива се, корупцијата убива луѓе. Не сакаме корупција тука. Сакаме луѓето да живеат. Многу деца умреа поради таа корупција тука....изјави детето чиј идентитет е непознат.
Со солзи во очите рече дека има многу пријатели тука: - Тука сите се роднини и пријатели...рече детето плачејќи.
Инаку, во Македонија и денеска е ден на жалост за настраданите во несреќата во Кочани. Денеска ден на жалост прогласија Србија, Бугарија, Босна и Хрцеговина, а вчера и Црна Гора.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа