Божикен срам: Непознати сторители искршиле делови од црква во Тетово
На Божик непознати сторители ја искршиле црквата „Света Петка и Света Недела“ во Тетово.
Во СВР Тетово вчера во 14.40 часот е пријавено дека во периодот од 17 часот на 7 јануари годинава до 14 часот на 8-ми, на улица „Косовска“ во Тетово со тврд предмет е извршено оштетување на влезната врата, два прозорци, помошниот објект и камерата над влезната врата од црквата. Полицијата изврши увид и се преземаат мерки за расчистување на настанот.
09.01.2025 - 17:25
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа