АРМ со пригодно одбележување на Денот на првата пешадиска бригада

 

Припадниците на Првата пешадиска бригада (1.пбр), утре, 02.04.2025 година со почеток во 12 часот, во касарната „Страшо Пинџур“ – Петровец ќе го одбележат Денот на единицата.

На одбележувањето ќе присуствуваат: министерот за одбрана, Владо Мисајловски началникот на Генералштабот на Армијата, генерал-мајор Сашко Лафчиски, генерали во Армијата, претставници од МО и ГШ на Армијата, команданти на потчинетите команди и единици на ГШ на Армијата и други гости.

Во рамки на одбележувањето на Денот на единицата, пред присутните ќе се обратат високи воени претставници присутни на настанот.

За ден на Првата пешадиска бригада е определен 2 април, како датум на кој оваа единица е трансформирана и ги презеде задачите и одговорностите на двете поранешни бригади, со што стана најголемата борбена единица во Армијата.

01.04.2025 - 19:08

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега