Апелација утре ќе одлучува за жалбите на Обвинителство за куќниот притвор на двајцата поранешни градоначалници на Кочани

 


Апелациониот суд во Штип утре ќе одлучува по жалбите на Основното јавно обвинителство за мерката куќен притвор на двајцата поранешни градоначалници на Кочани, Ратко Димитровски и Николчо Илиев.

Како што потврди за МИА претседателот на Апелациониот суд, Тони Делев, предметот пристигнал денеска, а кривичниот судски совет ќе го разгледа и ќе донесе одлука веднаш.


 

Димитровски и Илиев претходно беа во ефективен притвор во врска со трагедијата што се случи во дискотеката Пулс во Кочани. Судската одлука ќе биде објавена на официјалната веб-страница на Судот. 

27.03.2025 - 16:02

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега