Александар Пандов: Бугарскиот поглед кон Македонија не е романтичарски, тој е шовинистички

 

Александар Пандов, претседател на патриотскиот институт на ВМРО-ДПМНЕ, кој се најде на листата на Красимир Каракачанов, за лица кои новодно поседуваат бугарско државјанство и кој жестоко реагираше, вели дека тој не реагирал на Каракачанов, туку на Вицепремиерот на Бугарија и министер за одбрана Каракачанов. 

Во инатревју за Прес24, Пандов ја поддржува иницијативата на партијата за законски измени со кои пратеници можат да бидат само оние кои имааат македонско државјанство.

-Не само пратениците, туку и сите избрани и назначени функционери треба да имаат само македонско државјанство. Поготово лица кои се запослени во безбедносни структури. Не знам каква е праксата во останатите земји во регионов и светот, но верувам дека сме една од ретките земји каде вака како кај нас e дозволено да извршуваш многу значајни и чувствителни функции, а притоа да си државјанин на друга земја, вели Пандов во интервју за Прес24.

Од позиција на претеседател на партискиот патриотски институт, вели дека не е точно дека ВМРО ДПМНЕ нема јасен став по прашањето за заедничка историја меѓу двете држави. 

-Македонија и Бугарија немаат заедничка историја, тој е ставот на партијата! Македонија си има своја засебна историја, а и етногенезата на Македонскиот народ е сосема различна од онаа на Бугарскиот. Тоа се историски факти, вели Пандов.

Како историчар македонската историографија нема проблем со фактите.

-Проблемот околу терминот ,,заедничка историја“ потекнува од дијаметрално различното значење на зборот ,,заедничка“ во македонскиот и бугарскиот јазик. Кај нив сфаќањето и конечно учењето е дека почнувајќи од доѓањето на словените на Балканот, па се до 1944 година луѓето кои ја населувале територијата на Македонија биле Бугари, па со самото тоа и сите историски настани кои се одиграле овде биле бугарски. Официјалната македонска историографија не негира дека при крајот на 19 и почетокот на 20 век во Македонија доминира Бугарската егзархиија, како и во периодот од 1941 до 1944 година. Но, таква ,,заедничка историја“ ние имаме и со други народи и држави, па никој од нив не не негира како посебен народ, вели Александар Пандов во интервју за Прес 24.

ПРЕС24: Една фејсбук објава на Каракачанов предизвика големи потреси на политичката сцена со фамозни државјанства на дел од партиските функционери на ВМРО ДПМНЕ меѓу нив и за Вас. Жестоко реагиравте, исто и останатите спомнати во таа објава, но моето прашање е дали всушност се вредни и потребни такви реакции. Многумина во Софија ќе речат македонските медиуми и политичари го одржуваат Каракачанов во јавност?

ПАНДОВ: Како човек кој повеќе години е во политиката, навикнат сум или ајде можеби подобро кажано отрпнав на разни напади, па дури и кампањи против мене, а истите да се засновани на лаги. На таков вид напади најчесто воопшто не реагирам и не ни одговарам. Меѓутоа во конкретниов случај, кога говориме за Каракачанов мора да се потсетиме дека тој е потпретседател на бугарската влада и нејзин министер за одбрана. 

Верувам не само мене, туку и на цела макдеонска јавност и е јасно за каква лажовчина се работи, но што е и уште поважно е фактот дека неговата објава, за наводните бугарски државјанства беше стриктно насочен против ВМРО, а во време кога во Македонија има политички земјотрес предизвикан од аферата ,,Чајна ваксајнс“, е јасен доказ за спрегата на Каракачанов со Заев и СДС. Нормално е во тој случај човек најжестоко да реагира и во корен ја засече таа навреда!

ПРЕС24: Прашањето ми е во контекст на оној предлог на пример за законски измени со кои праненик да може да биде само оној кој поседува македонско државјанство. Едно што тој предлог нема шанси да помине, второ бегајќи од бугарските државјанства, предлогот од Собрание ќе ги исфрли претставниците на малцинствата во државата, кои во најголем дел имаат двојни државјанства? 

ПАНДОВ: Според мене не само пратениците, туку и сите избрани и назначени функционери треба да имаат само македонско државјанство. Поготово лица кои се запослени во безбедносни структури. Не знам каква е праксата во останатите земји во регионов и светот, но верувам дека сме една од ретките земји каде вака како кај нас e дозволено да извршуваш многу значајни и чувствителни функции, а притоа да си државјанин на друга земја.

ПРЕС24: Вашето активно враќање во ВМРО ДПМНЕ на функција Претседател на патриотскиот институт некако се поклопува во периодот кога почнаа проблемите на релација Скопје-Софија. Можеби е погрешна перцепцијата, но логично е дека ова тело треба да даде некаква стратегија, план, концепт на политичка платформа на партијата во решавање на тој историски спор со Бугарија. Наместо тоа, во последната година реториката на ВМРО-ДПМНЕ е исклучително критичка, на моменти жестока... во изборната кампања Гоце Делчев доминираше, за да на крајот од денот токму опозицијата е посочувана како деструктивниот елемент кој кокетира и политизира и со историјата и со добросоедските односи?

ПАНДОВ: Проблемите на релација Бугарија-Македонија се од крајот на 19 век, поточно од 1878 година и мировниот договор потпишан помеѓу Русија и Турција во селцето Сан Стефано. Бугарите и нивните политички првенци, за жал до ден денес го сонуваат нивниот ,,романтичен“ сон за голема Бугарија. Чисто да ве потсетам дека нивниот национален празник е на 03.03. кога всушност е и потпишан Санастефанскиот мировен договор. Со тоа тие јасно ни испраќаат порака дека нивна цел е повторно окупирање на Македонија! Патриотскиот институт секако дека ќе им биде пречка во нивната пропаганда, но и на секоја останата држава кој ќе се обидува или се обидува во темел да ги поткопа македонските корени на државата!

ПРЕС24: Неспорно е дека во најголем дел од речкниот на добар дел од политичарите и историчарите во Софија има екстремен романтизам во поглед на макдонското прашање, па дури и отворини провокации, аспирации за ребугаризација на Македонија. Но, од друга страна во македонското општество, македонската историографија, македонската политичка сцена, не смогна сили ниту да го дефинира или изанализира поимот„општа или заедничка историја“, што во основа е фундаментот на бугарскатат позиција во договорот за добрососедство?

ПАНДОВ: Точно е дека нивните политичари и историчари нивниот однос кон ,,македонското прашање“ го нарекуваат романтизам, но простете јас нивниот однос кон Македонија не би можел да го наречам никако друго освен чист шовинизам од најпримитивен вид. Оттука тие не оставаат никаков простор човек и да сака да се обиде за некој понормален дијалог со нив на тема историја. И вие сами добо сте приметиле, дека договорот е наречен за добрососедство, а освен за историја јас не слушнав дека за било што друго се преговара. А ќе се согласите со мене дека освен историјата постојат и многу други прашања кои нас би не направиле подобро соседи, но ќе повторам сите тие за нив, а како гледам и за нашиве преговарачи се неважни.

ПРЕС24: Кога велам не смогна сили да го анализра, мислам на градење стратегија позиција, дефинирање на македонски историски поглед што е заедничка историја и во кој период од историјата е таа. Наспртоти тоа овде е веројатно најопасно да каже некој „да со Бугарија имаме и заедничка историја“?

ПАНДОВ: Проблемот околу терминот ,,заедничка историја“ потекнува од дијаметрално различното значење на зборот ,,заедничка“ во македонскиот и бугарскиот јазик. Кај нив сфаќањето и конечно учењето е дека почнувајќи од доѓањето на словените на Балканот, па се до 1944 година луѓето кои ја населувале територијата на Македонија биле Бугари, па со самото тоа и сите историски настани кои се одиграле овде биле бугарски. Официјалната македонска историографија не негира дека при крајот на 19 и почетокот на 20 век во Македонија доминира Бугарската егзархиија, како и во периодот од 1941 до 1944 година. Но, таква ,,заедничка историја“ ние имаме и со други народи и држави, па никој од нив не не негира како посебен народ.

ПРЕС24: Еве еден конкретен пример. Бидејќи Вие сте историчар. Зошто седиштето на ВМРО-ДПМНЕ го носи името „Палата Христо Татарчев“?

ПАНДОВ: Затоа што ресенчанецот доктор Христо Татарчев е еден од шестте апостоли на Организацијата и нејзин прв претседател.

ПРЕС24: Има и многу други објекти или институции кои носат имиња за кои во македонските учебници по историја има многу контроверзии. Прашањето ми е во контекст токму на историската научна мисла во Македонија која не успева да го прати, или пак не сака да го прати чекорот на рехабилизација на одредени историски личности што го прави политиката, а кои во минатото беа дефинирани како „бугараши„, „врховисти“....?

ПАНДОВ: Се согласувам дека за голем број на македонски револуционери во минатиот систем беше многу тешко да се најде било каква литература да се прочита за нивната дејност и истите беа поделени во леви (добри момци) и десни (лоши момци). Меѓутоа денес во Македонија постои огромен број на книги каде човек ако сака може детално да прочита за нивниот живот и дела. Партијата на која и самиот припаѓам ВМРО ги има надминато тие предрасуди. Самиот податок дека и најблаго кажано една контраверзна личност како Иван Ванчо Михајлов, партијата го има прифатено дека е дел од нејзината историја, доволно говори како поткрепа на кажаното.

ПРЕС24: Знаете зошто Ве прашувам. Затоа што нелогично е и несфатливо е ВМРО ДПМНЕ како партија, која го има предзнакот ВМРО, која деведестите беше жигосувана како бугарашка, чие седиште се вика Христо Татарчев, а да нема јасен став има ли, или не Македонија и заедничка историја со Бугарија?

ПАНДОВ:  Не, не е точно дека ВМРО ДПМНЕ нема јасен став по тоа прашање. Македонија и Бугарија немаат заедничка историја, тој е ставот на партијата! Македонија си има своја засебна историја, а и етногенезата на Македонскиот народ е сосема различна од онаа на Бугарскиот. Тоа се историски факти!

ПРЕС24: Во македонско-бугарските односи веројатно има и многу други прашања кои не одат најдобро, инфраструктурата, економијата, на пример Бугарија не е ниту во првите пет држави на трговска размена со Македонија. Според Вас, постои ли некаков систмски проблем и овде и во Софија во поглед на недоверба, некаква омраза, некакви можеби „длабоки држави“ како што вели Љубчо Георгиевски?

ПАНДОВ: Податокот што за да поминете 200 и кусур километри до Софија од Скопје, ви се потребни околу четри часа, а за истите километри дупло помалку за да стигнете до Солун говори сам за себе. На повеќе пати сум говорел дека меѓу приоритетите  за Македонија се правењето на автопатот од Куманово до Деве Баир или барем експресен пат. Проширување и правење нормален премин кај Делчево и оспособување и од бугарска страна на преминот Клепало кај Берово. Но како вели народот и за кавга, но и за љубов се потребни двајца.

ПРЕС24: И ако се ова се собере и подели со она што значи македонски национален интерес – члнество во ЕУ, каде е решението?

ПАНДОВ: Патот на Македонија кон ЕУ ако до сега беше попречен од Грција, сега е од Бугарското вето. Колку што ги разбирам последните пораки од Брисел се дека ние прво треба да ги расчистиме историските несогласувања со Бугарија, што ќе рече да прифатиме дека сме имале бугарска историја до 1944 година и до тогаш сме биле Бугари, па дури потоа, пазете започнување на преговори со ЕУ за кои се говори дека би трале најмалку 15 години.

Меѓутоа тоа не значи дека ако тој пат кон ЕУ е блокиран дека ние треба да престанеме да живееме и работиме. Напротив, според мене ние во Македонија, не заради ЕУ, туку заради самите нас треба да направиме се за да имаме функционална држава, еднаква за сите граѓани во неа. 

Држава во која ќе функционира правниот систем, здравството, образованието, одбраната и безбедноста. Македонија повторно да стане држава супер атрактивна за странски инвестиции. Гледаме земји во Европа и во нашето соседство, кои не се членки на ЕУ, а државите им се супер фунционални. За жал голема е заблудата кај оние граѓани кои веруваат дека дека ЕУ ќе ни ги заврши тие работи, со самото започнување на преговори со нив. Ќе повторам, ако за нас услов за почеток на преговори со нив е да се преправиме во Бугари со бришење на нашата историја, тогаш фала им не ни треба!

 

 

 

Добивајте вести на Viber

15.03.2021 - 10:29

 

 

 

 

 

 

 

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега