8-ка од Таравари за македонското здравство

 

Министерот за здравство, Арбен Таравари, го оцени здравствениот систем со осум од можни десет, нагласувајќи дека се вложуваат максимални напори за подобрување на квалитетот на услугите.

Тој истакна дека инсталацијата на нови компресорски станици е при крај и се очекува да биде завршена до крајот на јануари. Сегашниот систем ќе добие резервен апарат, кој ќе се користи во случаи на дефект на новиот.

Операциите, според него, продолжуваат без застој, иако предизвици со човечките ресурси се присутни низ целиот регион. Таравари посочи дека Владата работи на зголемување на платите и подобрување на условите за здравствените работници, за да ги мотивира да останат во земјата.

Тој најави дека ќе се разгледа можноста за враќање на македонски лекари од странство и за зголемување на специјализациите во области каде што има недостиг.

Во однос на системот „Мој термин“, министерот информира дека по Нова година ќе се формира комисија за промени, со цел да се намали времето на чекање и да се подобри организацијата.

На крај, Таравари изрази надеж дека доградбата на болниците во Штип и Кичево ќе започне следната година, истакнувајќи го тоа како еден од приоритетите.

30.12.2024 - 18:09

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега